Дома Трансфер зона Реал спремен да го продаде Бејл, но ниту евро помалку од оваа сума!

Реал спремен да го продаде Бејл, но ниту евро помалку од оваа сума!

Велшанецот е на продажба и тоа е јасно, тврдат шпанските медиуми.

Според медиумите во Шпанија, Реал Мадрид ќе го продаде Герет Бејл но само ако сумата биде 90 милиони евра и ниту евро помалку.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Проблемите за Бејл се честите повреди, но се покажа дека кога е здрав е од големо значење за Реал. Впрочем покрај сите повреди и пропуштени натпревари освои три титули во Лигата на шампионите и титулата во Шпанија, па никој не може да каже дека Перез погреши кога го доведе од Тотенхем.

Интерес за Бејл покажа и Манчестер Јунајтед, но за ваков расплет има малку шанси. Прво Мурињо не е заинтересен за офанзивни играчи и тешко дека ќе понуди повеќе од 60 милиони евра, нити пак ќе се согласат на размена за Де Геа.

Освен Јунајтед се споменуваше и ПСЖ, но Реал го сака Нејмар, а ПСЖ не ни помислува на такво нешто.

Поранешниот клуб на Бејл, Тотенхем, нема пари за трансфер, а ако Бејл прифати да се врати во размена за Кејн, проблем би била неговата плата која Тотенхем не може да си ја дозволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…