Дома Фудбал Реал со кратко соопштение се прости од Азар

Реал со кратко соопштение се прости од Азар

Еден Азар денеска соопшти дека на 33-годишна возраст ја завршува својата играчка кариера.

Азар се повлекува како легенда на Челзи, но и како најголем неуспех на Реал Мадрид, кој го донесе летото 2019 година за 115 милиони евра.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Азар за Реал одигра само 76 натпревари благодарение на серијата повреди, а постигна само седум гола и 12 асистенции. 

„Кралскиот“ клуб денес со кратко соопштение од две реченици се прости од Белгиецот.

„Реал Мадрид искажува благодарност и почит за играчот кој за четири години освои ЛШ, клупско СП, европски суперкуп, два шпански суперкупа, двапати беше шампион во Ла Лига и освои еден Куп на кралот. Му посакуваме на Еден и неговото семејство се најубаво во иднината“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аjтана Бонмати триумфира со „Златната топка“ трета година по ред

Ѕвездата на Барселона Ајтана Бонмати ја освои „Златната топка“ кај жените трета година по …