Дома Топ вести Реал се договори со големата ѕвезда, но Роналдо кажал НЕ

Реал се договори со големата ѕвезда, но Роналдо кажал НЕ

Зинедин Зидан има големи проблеми на напаѓачката позиција после повредата на Карим Бензема, бидејќи нема алтернатива за Французинот.

Шпанските медиуми денес додатно ја „разгореа“ ситуацијата и тврдат дека ова лето Златан Ибрахимовиќ бил на чекор од Реал Мадрид, но Роналдо рекол НЕ, па Швеѓанецот потпиша за Манчестер Јунајтед.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Дон Балон“ тврди дека преговорите биле во напредна фаза, но тогаш се замешал Португалецот и јасно им кажал на сите дека не го сака Ибрахимовиќ.

Роналдо е навикнат да биде најголема ѕвезда во ѕвездената соблекувална, а присуството на Златан можело да го наруши неговиот статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…