Шпанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Реал Мадрид за следното лето ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.
18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.
Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.
„Кралевите“ веќе почнаа со подмладување на тимот, па после Камавинга и Чуамени, следна ѕвезда која ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ најверојатно ќе биде Белингам.