Дома Фудбал Реал: Правите од нас идиоти. Три пенали како катедрала, а ниту еден досуден!

Реал: Правите од нас идиоти. Три пенали како катедрала, а ниту еден досуден!

ЖОЗЕ САНЧЕЗ МАРТИНЕЗ, судијата на дербито од 23. коло на Ла Лига, Реал – Атлетико (1:1), е на удар на навивачите на Реал, но и на тој клуб.

Реал Мадрид ТВ со крик „Судии како можете мирно да спиете?!“ тврди дека им не им досудиле три пенали:


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


“Тој мораше да го досуди првиот кога Саул го собори Лукас Васкез. Очигледен пенал, судијата беше одлично позициониран за тоа, но ниту судеше, ниту му беше сугерирано од ВАР.“

Телевизијата на Реал понатаму тврди дека на Џуд Белингам не му биле досудени следните два пенали.

Видео ТУКА

Третиот случај е дуелот помеѓу Маркос Љоренте и Белингам.

Телевизијата на Реал посочува: „На сите наши навивачи им е јасно дека три од четирите градски дербија ги реши триото на Атлетико, Алберола Рохас, Куадра Фернандез и Санчез Мартинез. За разлика од Атлетико, Реал не може да си дозволи такви играчи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…