Дома Трансфер зона Реал нема да брза со официјализација на трансферот на Мбапе

Реал нема да брза со официјализација на трансферот на Мбапе

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе веќе ја прифатил понудата на Реал Мадрид и летово ќе му се приклучи на „кралскиот“ клуб како слободен играч, сигурни се шпанските медиуми.

Мбапе има намера да ја објави својата иднина пред да се приклучи во француската репрезентација за натпреварите од Лигата на нации. Ова ќе се случи непосредно пред финалето на Лигата на шампионите на 28 мај. Сепак, Реал Мадрид нема да брза да ја објави веста за неговото привлекување и тоа сигурно ќе го направи по пресметката со Ливерпул, пишува „АС“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Весникот дури смета дека е многу веројатно промоцијата на „Сантијаго Бернабеу“ да не случи пред 1 јули, што е ден по истекот на неговиот договор со ПСЖ.

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал Мадрид каде ќе заработува 25 милиони евра по сезона плус бонуси, притоа ќе добие бонус од 100 милиони евра при потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…