
Нико Пас, по одличните настапи со дресот на Комо, се подготвува за враќање во Мадрид, бидејќи Реал одлучи да ја активира клаузулата за повторно откупување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во летото 2024 г., Реал Мадрид го позајми аргентинскиот офанзивен играч за врска на Комо, но задржа предност преку специјална клаузула во договорот што му овозможува да го привлече повторно.
Според објавата на шпанскиот весник „Ас“, неговите импресивни настапи во година и пол во Серија А го убедија „белиот балет“ да ја искористи оваа опција.
Сепак, враќањето на Нико Пас во составот на Реал Мадрид нема да биде веднаш. Трансферот ќе биде завршен следното лето, бидејќи Мадриѓаните ќе му дозволат на играчот да ја заврши тековната сезона со Комо.