Како што се наближува крајот на сезоната така се погласни се трансфер шпекулациите за летниот преоден рок. Како што стојат работите, изгледа дека Килијан Мбапе повторно ќе биде една од главните теми.
Наводно, Реал Мадрид има план одново да тргне по потписот на францускиот напаѓач, иако неодамна беше објавено дека „кралевите“ имаат договор со Џуд Белингам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето изгледаше дека Реал Мадрид е на добар пат да го доведе 24-годишниот напаѓач и понуди за него 215 милиони евра, но изненадувачки тој потпиша нов договор со ПСЖ. Сепак, подоцна одново се појавија информации за незадоволство на фудбалерот во Париз, во таква насока беа и некои негови потези.
Токму затоа Реал одново се надева дека можат да ги обноват преговорите, меѓутоа сигурно ПСЖ нема да го пушти Мбапе евтино. За Белингам веројатно Реал ќе плати 120 милиони евра, Мбапе сигурно би бил платен нешто повеќе.