Јувентус веќе го освои осмото Скудето во низа и за „бјанконерите“ практично оваа сезона е завршена, бидејќи се елиминирани во Купот и Лигата на шампиони.
Медиумите тврдат дека на лето ќе дојде до промени во тимот на „старата дама“, а меѓу играчите кои можат да го напуштат клубот е и босанскиот плејмејкер, Миралем Пјаниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот менаџер Фали Рамадани наводно веќе имал преелиминарни разговори со Реал Мадрид и Манчестер Сити, а „кралевите“ се сериозно заинтересирани за Босанецот.
Рамадани минатата недела престојуваше во Мадрид, разговараше со челниците на кралскиот клуб, а на Пјаниќ наводно му била понудена плата од 10 милиони евра годишно.
Сега италијанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ веќе ја испратиле првата понуда до Јувентус која изнесувала 70 милиони евра.
„Бјанконерите“ се спремни да го пуштат плејмејкерот, но само доколку пристигне понуда од 90 милиони евра. Поради тоа двата клуба ќе останат во контакт, а се очекува во наредните недели да се интензивираат преговорите.
Реал се спрема за продажба на Тони Крос, а тренерот Зидан во Пјаниќ гледа идеална замена за Германецот.
TMW – Real forte su Pjanic: prima offerta da 70, la Juve ne vuole 90 https://t.co/oZprnHcbzJ
— Tuttomercatoweb (@TuttoMercatoWeb) May 3, 2019