Дома Фудбал Реал Мадрид ја има најдобрата одбрана во последните 32 години

Реал Мадрид ја има најдобрата одбрана во последните 32 години

Реал Мадрид со победа ја започна новата година и го искористи киксот на Барселона за да се израмни со Каталонците на врвот на табелата.

„Кралевите“ со 3:0 победија на гостувањето кај Гетафе и потврдија дека ја имаат најдобрата одбрана во последните три децении.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тимот на Зидан во во изминатите 19 кола прими само 12 гола и ја има најдобрата одбрана во Ла Лига, заедно со Атлетико Мадрид.

Само 12 примени гола Реал немал 32 година наназад уште од сезоната 1987/1988  кога голот на Реал го чуваа Франциско Бујо, Агустин Родригез и Хосе Мануел Очоторена.

Оваа сезона Реал девет пати ја зачува чиста својата мрежата. Куртоа на осум натпревари и Ареола на еден.

Помалку голови во својата историја „кралевите“ примиле во сезоната 1961/62 и 1971/72 (11).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…