Реал Мадрид е последниот клуб кој се вклучи во трката за потписот на Тимо Вернер.
Според „Скај Спорт“ напаѓачот на Лајпциг е трансферна цел на „кралевите“ и ќе се обидат да го донесат во Мадрид на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишниот Германец има договор со Лајпциг до 2023 година, а во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра.
Интерес за напаѓачот покажуваат уште Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул и Челзи и сите се спремни да ја платат сумата од откупната клаузула.
Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, бидејќи „кралевите“ не се задоволни од Лука Јовиќ, па на лето ќе купуваат нов напаѓач.
Оваа сезона Вернер одигра 25 гола за Лајпциг на кои постигна 23 гола и запиша 10 асистенции.
Real Madrid are interested in signing RB Leipzig forward Timo Werner. He has 18 goals and six assists in 17 games in the German top-flight this season. (Source: Sky Germany) pic.twitter.com/JYcJjFZOHA
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 13, 2020