Дома Топ вести Реал Мадрид се приклучи во трката за Деклан Рајс

Реал Мадрид се приклучи во трката за Деклан Рајс

Реал Мадрид е последниот клуб кој покажува интерес за играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот англиски репрезентативец игра одлична сезона со „чеканите“ и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Реал Мадрид исто така покажува интерес за него бидејќи „кралевите“ во Англичанецот гледаат идеално засилување за средниот ред на Анчелоти.

Рајс има долг договор со Вест Хем, па „кралевите“ ќе треба добро да го одврзат ќесето за да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

„Ако се појави можност да го донесе Анчелоти веднаш ќе ја искористи. Стратегијата на Реал Мадрид ќе зависи од играчите кои ќе си заминат, меѓутоа со сигурност знам дека Анчелоти го сака Рајс“, откри Ди Марцио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…