Дома Топ вести Реал Мадрид се враќа по Азар и сака да го направи поскап од Нејмар?!

Реал Мадрид се враќа по Азар и сака да го направи поскап од Нејмар?!

Реал Мадрид новата сезона која започнува наредниот викенд ќе ја започне без својата долгогодишна прва ѕвезда Кристиано Роналдо кој се одлучи да побара нов предизвик и го избра тимот на Јувентус.

Во Шпанија преодниот рок е отворен уште 19 дена, а за тоа време според островските медиуми Реал Мадрид ќе се обиде да направи уште еден напад на Еден Азар.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Веројатно голем дел од фудбалскиот свет после заминувањето на Роналдо очекуваше Перез да доведе негова замена, но еве влегуваме во завршницата од преодниот рок, а преголем избор првиот човек на „кралевите“ нема.

Азар е желба од поодмна и сега се пишува дека Перез за Азар е спремен да го сруши светскиот рекорд на Нејмар од 222 милиони евра и да испрати понуда поголема за два милиони, односно – 224 милиони евра!

Сепак иако понудата е огромна, прашање е дали Челзи е спремен да се откаже од својот најдобар играч сега кога нема да можат да му доведат замена, со оглед на тоа дека преодниот рок во Англија заврши на 9-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…