Шпанските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат дека ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала веќе го договорил својот трансфер во Реал Мадрид.
Дибала се наоаѓа во еден триаголник помеѓу Јувентус – Реал – Барселона, но сега и каталонските медиуми признаваат дека Аргентинецот ќе заврши на „Сантиаго Берибаеу“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сепак, Дибала сигурно нема да биде единственото засиливање за „кралевите“ следното лето, медиумите тврдат дека Флорентино Перез ја сака и ѕвездата на Тотенхем, Деле Али.
Овој 20-годишен играч за врска ги воодушеви сите на Островот со своите фантастични игри за Тотенхем, а минатата година се избори и за повик во англиската репрезентација.
Деле Али неодамна го продолжи договорот со „спарси“, но тоа нема да биде пречка за Реал Мадрид да се обиде да го донесе во своите редови и е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис.