Дома Топ вести Реал Мадрид победи, Зидан слободно може да му каже на Солари – „гледаш ли“! (ВИДЕО)

Реал Мадрид победи, Зидан слободно може да му каже на Солари – „гледаш ли“! (ВИДЕО)

Денес Зинедин Зидан за прв пат седеше на клупата на Реал Мадрид откако се врати во клубот.

Уште на првиот натпревар изгледа Зидан му покажа на Солари каде грешел. Реал победи со 2:0 против Селта.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Секако, не е победата причина, туку кој беа фудбалерите кои ја донесоеа оваа победа.

Во првиот дел не видовме погодоци, а Селта имаше една добра прилика да стигне до водство, но Кејлор Навас со одлична интервенција го спаси својот гол.

Лука Модриќ во второто полувреме ја погодува мрежата на Селта, но овој гол беше поништен поради недозволена позиција. Сепак, само неколку минути подоцна во 62-та

Реал стигнува до водство и тоа преку Иско кој кај Солари повеќе беше на трибините отколку на теренот.

Потоа само десетина минути подоцна Герет Бејл зголемува на 2:0, а асистент на овој гол е Марсело. Не толку како Иско, но и Марсело беше во втор план кај Солари кој предност му даваше на младиот Регулион.

Изгледа дека Зидан уште во првиот натпревар јасно му покажа една од грешките на Солари во Мадрид. За Реал со Зидан сега останува чесно да ја доиграат сезоната во која имаат минимални шанси за титулата, откако беа елиминирани во Лигата на шампионите (Ајакс) и шпанскиот куп (Барселона).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нови проблеми за Барселона: Се повреди и Феран Торес, познато колку ќе паузира

Eкипата на Барселона се соочува со сериозни проблеми кога во прашање се повредите. Нов лис…