Дома Трансфер зона Реал Мадрид може да се засили и со поранешниот фудбалер на Атлетико?

Реал Мадрид може да се засили и со поранешниот фудбалер на Атлетико?

Реал Мадрид е во потрага по засилување во одбраната, а сега се појави едно неочекувано име.

Наводно, поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Марио Ермосо е опција за засилување на одбраната со која „кралевите“ имаа многу проблеми по бројните повреди.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ермосо сега е член на Рома и е на радарот на мадртискиот гигант. Во редовите на „волчицата“ пристигна во текот на летниот преоден рок како слободен играч откако претходно пет сезони помина во Мадрид.

Интересно е што Ермосо потекнува од школата на Реал Мадрид и во младинските категории на овој клуб беше од 2012 до 2017 година пред да се пресели во Еспањол.

Ермосо има 29 години и сериозно искуство во Ла Лига, па изгледа како добро решение, ќе видиме што ќе се случува во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…