Италијанскиот стратег Карло Анчелоти има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година и се најавуваше дека може да замине на крајот од сезоната за да седне на селекторското столче на Бразил, но тоа изгледа нема да се случи.
Шпански „АС“ пренесува дека Анчелоти донел одлука да не го напушти Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кралевите“ се задоволни од неговата работа и наскоро треба да му понудат нов договор во текот на јануари, а Италијанецот одлучил да го прифати.
Ваквиот развој на настаниот Анчелоти го најави и претходно изјавувајќи дека Реал Мадрид секогаш ќе биде негов приоритет и би си заминал само сако не постигне договор со раководството.
Сепак, главниот договор го имаше Флорентино Перез кој очигледно е задоволен од она што го прави Анчелоти во клубот.