Дома Трансфер зона Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед спремаат спектакуларна трампа

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед спремаат спектакуларна трампа

Манчестер Јунајтед ќе се обиде во своите редови да го донесе францускиот репрезентативец Рафаел Варан.

Откако ја финализираа работата околу трансферот на Санчо од Борусија Дортмунд, во Манчестер Јунајтед немаат намера да застанат и сега ќе ја засилуваат одбраната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Главна мета на Црвените ѓаволи е Варан, кој нема ништо против да замине од Реал и во наредните денови би требало да ги започне преговорите за евентуален трансфер.

Кралевите сакаат за својот дефанзивец да инкасираат 70 милиони евра, но во Јунајтед после трансферот на Санчо немаат толку средства на располагање.

Но, сепак англискиот клуб има план, а тој го вклучува Пол Погба, играчот од средниот ред на Јунајтед во преговорите со Реал.

Во Јунајтед се подготвени да го понудат Погба со кој имаат договор до крајот на наредната сезона.

Варан во Реал пристигна во 2011. година од Ленс, со клубот од Мадрид освои се што можеше да се освои, а за Реал одигра вкупно 360 натпревари.

Од друга страна, Погба прв пат во Јунајтед дојде во 2011. и во тој период настапуваше за младиот тим на англискиот великан. После една година премина во Јувентус, за во 2016. година повторно да се врати во редовите на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…