Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во потрага по дефанзивен играч за врска кој ќе биде алтернатива на Каземиро.




Прв на листата желби е Вилфред Ндиди од Лестер, пренесуваат шпанските медиуми.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Карло Анчелоти сака да донесе уште еден дефанзивен играч за врска кој ќе и помага на одбраната. Летово пристигна Камавинга, но Французинот не е таков профил на играч.




Ндиди се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Премиер лигата и ова лето беше мета на Манчестер Јунајтед.