Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Шахтјор, Додо, пренесуваат шпанските медиуми.




Шпанскиот гигант во 23-годишниот Бразилец гледа идеална опција за десната бековска позиција и алтернатива за Карвахал.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Скаутите на Реал Мадрид веќе подолго време ги следат настапите на Додо и „кралскиот“ клуб сака да го донесе во своите редови.




Бразилецот оваа сезона запиша 26 меча за украинскиот клуб, а неговата цена во моментов изнесува 20 милиони евра.