Дома Фудбал Лига на шампиони Реал Мадрид во проблеми пред гостувањето во Москва

Реал Мадрид во проблеми пред гостувањето во Москва

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги има големи проблеми со играчкиот кадар пред утрешното гостување во Москва во рамките на Лигата на шампиони.

Актуелниот европски шампион во Москва ќе биде прилично ослабен – веќе е познато дека Лопетеги не може да смета на услугите на Марсело и Иско, а против ЦСКА нема да настапат ниту капитенот Серхио Рамос, како и Герет Бејл.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според пишувањата на „Марка“, Рамос ќе одмара, а со Бејл нема да се ризикува откако се здоби со повреда на мечот против Атлетико Мадрид.

Лопетеги денес го објави списокот на 20 фудбалери, а во него се најдоа играчите од Кастиља Серхио Региљон и Федерико Валверде, како и скапоплатениот Бразилец, Винисиус Жуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Погледнете ги мајсториите на Деклан Рајс кои го срушија Реал Мадрид (Видео)

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Арсенал на стадионот „Емира…