Дома Топ вести Реал купува напаѓач од Бундеслигата, но тоа не е Халанд

Реал купува напаѓач од Бундеслигата, но тоа не е Халанд

Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач и повторно ќе пазарува од Бундес лигата, пренесува „Марка“.

Иако долго време Ерлинг Халанд се поврзуваше со трансфер во Реал, сепак се чини дека „кралевите“ се откажаа од Норвежанецот и ќе се насочат кон Андре Силва.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалецот игра фантастична сезона со Ајнтрахт Франкфурт каде на 31 меч постигна 26 гола и запиша 9 асистенции.

За Андре Силва интерес покажуваат и други европски гиганти, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата.

Имено, „кралевите“ ќе го понудат Лука Јовиќ плус 20 милиони евра за Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…