Дома Трансфер зона Реал доведува големо засилување од Англија: Освен Азар, пристигнува и ѕвездата на Тотенхем

Реал доведува големо засилување од Англија: Освен Азар, пристигнува и ѕвездата на Тотенхем

Зад фудбалерите на Реал е катастрофална сезона, во која не освоија ниту еден трофеј, па јасно е дека на лето ќе дојде до сериозна реконструкција на тимот.

На Мадриѓаните им се потребни засилувања, и тоа врвни. Тоа го знае и Зинедин Зидан, па поради тоа е решен сериозно да го засили тимот. Првиот избор е напаѓачот на Челзи, Еден Азар. Белгијанецот речиси сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ на крајот од сезоната и ќе се пресели во Реал и така ќе го исполни детскиот сон. Мадриѓаните за тоа задоволство ќе мораат да платат околу 100 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Но, Азар не е единствената желба на Реал Мадрид. Високо се котира и играчот за врска на Тотенхем, Кристиан Ериксен, кој веќе се договорил со „кралскиот клуб“, пренесува шпапснкиот весник „АС“. Данецот исто како Азар е на листата на желби на Реал, а интересно е дека се наоѓа и во многу слична ситуација. Како и Азар, и Ериксен се наоѓа во последната година од договорот, па се појавија шпекулации дека неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ би можел да чини 70-80 милиони евра.

„АС“ пренесува дека понудата се уште не е испратена, но дека Тотенхем ќе бара повеќе од 100 милиони фунти за услугите на данскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…