Во англиските медиуми се појавија информации дека Герет Бејл сепак би можел да си оди од Реал, соочен со нетрпеливоста од согирачите, фактот дека не комуницира, односно се прави дека не знае шпански.
Тој освои се во дресот на Реал, но не успеа да излезе од сенката на Роналдо, а се шпекулира дека и Зидан дал отказ поради одлуката на Перез да го продаде Португалецот, а не Велшанецот. Се споменуваше враќање во Премиер лигата, дури и замена за Азар, потоа ПСЖ, но на крајот, изгледа дека од тоа нема да има ништо.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Прво, самиот Бејл не сакаше да си оди од Мадрид, второ, тешко дека некаде ќе добие 15 милиони, предизвикот е Франција, а некои информации говорат дека сака да игра во посилна лига. Јувентус кој се појави како опција, нема пари за Велшанецот, а сега се зборува дека Реал бара 150 милиони евра, или Диабала плус пари за Бејл.
Изгледа дека од траснферот нема да има ништо и дека Британецот ќе си остане во Мадрид.