Тиаго Алкантара, фудбалерот на Баерн, се наоѓа на листата на желби на тренерот Лопетеги.
Тиаго играше неколку години во Барселона, па не изгледа едноставно овој трансфер да се реализира, но Лопетеги сака да го ангажира играчот кој добро го познава од времето кога тој ја водеше младата селекција на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кралевите се спремни да влезат во преговори, а медиумите јавуваат дека Баерн нема ништо против бидејќи секако сака да го продаде шпанскиот фудбалер, но има интересен план.
Имено, Баварците сакаат да го понудат на Реал Алкантара и 50 милиони евра за Герет Бејл, што истото би одговарало и на тимот од Мадрид, кој се спрема на живот без Велшанецот.
Во германскиот првак имаат план А, а тоа е Бејл, додека планот Б е да се свртат кон ѕвездата на Јувентус, Дибала. Што ќе испадне од сето тоа останува да видиме, но сигурно е дека после Мундијалот ќе уживаме во месец полн со трансфери.