Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер.




Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде постигна 11 гола и запиша 13 асистенции, а и оваа сезона продолжи со добрите игри.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Скаутите на многу европски гиганти веќе подолго време го следат Ловро Мајер, а покрај Реал интерес за него покажува и ПСЖ.




Ловро е стандарден хрватски репрезентативец и се најде на списокот за Светско првенство, а во татковината веќе го доби епитетот „новиот Модриќ“.




Рен за слободата на 24-годишниот плејмејкер бара 30 милиони евра, што нема да биде проблем за „кралевите“.