Дома Трансфер зона Реал Мадрид нуди 60 милиони евра за Ловро Мајер?

Реал Мадрид нуди 60 милиони евра за Ловро Мајер?

Ловро Мајер би можел наскоро да го напушти Рен и кариерата да ја продолжи во шпанското првенство од каде што има понуди за него.

Majeр во Рен пристигна минатата година во трансфер вреден од 12 милини евра од загребски Динамо. Многу брзо тој се наметна како важен играч во францускиот тим за кој собра 55 натпревари, постигна осум голови и намести 12 голови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неговиот напредок и добрата игра за хрватската репрезентација не останаа незабележани, па така претходно се пишуваше дека го следи Реал Мадрид кој треба да ги реши проблемите во својот среден ред.

Лука Модриќ и Тони Крос имаат важечки договори до крајот на актуелната сезона, двајцата наводно имаат желба да останат, но нема гаранција дека тоа ќе се случи.

Ако останат сигурно нема да може да доминираат во годините кои следат, посебно Модриќ кој следната година ќе го прослави 38. роденден.

Чуамени и Валверде за шпанските медиуми се сигурна опција за годините кои следат, а нив би требало да им се придружи уште еден помлад играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…