Најголемото летно засилување на Реал Мадрид, Еден Азар синоќа на мечот против Леванте ја обнови повредата на глуждот.
После мечот тренерот Зидан беше песимист и предвиде дека повредата ќе биде тешка, а денес стигна и официјална потврда од клубот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
После направените детални прегледи утврдено е дека Азар ја обновил повредата поради која отсуствуваше 3 месеци и го чека нова долга пауза.
„АС“ тврди дека рехабилитацијата ќе биде најмалку два месеци, додека „Марка“ информира дека Белгиецот ќе ја пропушти скоро целата сезона.