Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно игра во врвна форма и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на Лацио минатата сезона.
За Србинот интерес покажаа многу европски гиганти, но никој не беше спремен да плати 100 милиони евра, колку што бараше Лацио за неговата слобода.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека за Милинковиќ-Савиќ силен интерес покажува Реал Мадрид, кој веќе стапил во контакт со неговииот агент.
Зинедин Зидан го означил српскиот репрезентативец, како главна мета во јануарскиот преоден рок бидејќи сака да го засили средниот ред.
СМС има договор со Лацио до 2024 година, а „кралевите“ се надеваат дека ќе може да го комплетираат трансферот за 70 милиони евра плус бонуси,