Дома Македонски спорт Мак фудбал Реакција на ФК Вардар: Каде беше македонското знаме во Тетово?

Реакција на ФК Вардар: Каде беше македонското знаме во Тетово?

Во рамките од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) екипата на Шкендија на домашен терен славеше против Вардар со 3:0.

Скопските „црвено-црни“ денеска излегоа со соопштение за јавноста во кое вели дека на натпреварот во Тетово имаше повторно срамни националистички испади, дека се употребиле тврди предмети кон фудбалерите на Вардар, но најмногу ги изреволтира што на стадионот отсуствуваше македонското знаме.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Во продолжение целото соопштение на ФК Вардар:

– На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар.

Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.

Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди пред се околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но за жал не успеа.

Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме пред се надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.

Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме мак-фудбалот на нормалните патеки!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…