Дома Фудбал Рафа Бенитез се врати во Шпанија

Рафа Бенитез се врати во Шпанија

Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез е нов тренер на Селта Виго и потпиша двегодишен договор со клубот од Ла Лига.

Бенитез беше слободен и се поврзуваше со многу клубови како Лестер и Наполи, но сепак реши да се врати во Шпанија.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Селта денес потврди дека потпишале договор до 2025 година со искусниот стратег.

Бенитез во кариерата седеше на клупите на Реал Мадрид, Њукасл, Евертон, Наполи, Челзи, Интер, а најголемиот успех го имаше во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи во нов проблем: Суспендиран стадионот во Чаир – клубот предаден на Дисциплинска комисија!

Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека го суспендира стадионот на Ш…