Дома Фудбал Англија Раниери знае кој го „избрка“ од Лестер: Не, тоа не се играчите!

Раниери знае кој го „избрка“ од Лестер: Не, тоа не се играчите!

Италијанскиот тренер Клаудио Раниери оваа сезона доби отказ од Лестер, иако пред само девет месеци ги предводеше „лисиците“ до сензационалното освојување на шампионската титула во Премиер лигата.

Потегот на челниците на Лестер ја шокираше светската спортска јавност која веднаш почна да шпекулира дека играчите „кумувале“ на неговиот отказ.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Не можам да верувам дека моите фудбалери ме предадоа. Не, не, не. Можеби некој зад мене. Имав проблеми и претходната година и ја освоивме титулата. Па можеби оваа година, кога губевме, овие луѓе притиснаа малку повеќе и добив отказ“, изјави Раниери.

„Слушам многу приказни. Но, нема да кажам кој е тој. Јас сум лојален човек. Тоа што имав да го кажам, му го кажав нему лице во лице. Натпреварот со Севиља беше пресвртниот, сите се бореа заедно, Џејми Варди постигна гол. Но на патот накај дома сфатив дека ќе бидам отпуштен. Тоа беше шок за мене и за многу други луѓе“, објасни Раниери за англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ал Наср славеше на дебито на Пиоли (ВИДЕО)

Ал Наср го совлада Ал Етифак со 3:0 во натпреварот од 4.коло од Лигата на Саудиска Арабија…