Дома Фудбал Англија Рангник ќе биде нов селектор на Австрија

Рангник ќе биде нов селектор на Австрија

Ралф Рангник ќе биде назначен за нов селектор на австриската репрезентација, пренесува „Скај Спорт“.

Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе биде официјално назначен за нов селектор во следните 48 часа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тоа нема да му попречи да остане како консултант на „Олд Трафорд“, каде има договор до 2024 година.

63-годишниот Германец стана привремен  менаџер на Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година. Тој се согласи да биде менаџер до крајот на сезоната, но има договор со „црвените ѓаволи“ на уште две години како консултант.

Меѓутоа, претходните денови Рангник постигнал договор со Федерацијата на Австрија и ќе седне на селекторското место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Коментатор го пренесуваше дебаклот на Македонија, а скокаше од радост за Косово! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Косово вчера го забележа еден од најголемите успеси во после…