Дома Фудбал Англија Рангник се пошегува на прашање за Халанд: Тоа е нонсенс!

Рангник се пошегува на прашање за Халанд: Тоа е нонсенс!

Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави Ралф Рангник, кој ќе ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.

Германецот потоа ќе остане на „Олд Трафорд“ во следните две години како советник и ќе работи на трансфери.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Медиумите пред два дена објавија дека негова мисија ќе биде да го убеди Халанд да се пресели во Манчестер Јунајтед, а за тоа ќе добие 10 милиони евра како бонус.

„Чекајте да проверам. Десет милиони за Халанд, 10 милиони ќе земам за Мбапе, 10 милиони за Левандовски, 10 милиони за Кимих. Не, ова е нонсенс. Нема такви работи во мојот договор“, се пошегува Рангник.

„Воопшто не разговаравме за нови играчи. Сега е време детално да се запознам со актуелниот тим, дефинитивно тука има многу играчи. Можеби по Божик ќе разговараме за некави трансфери. Лично не сакам зимски трансфери“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…