Дома Топ вести Рамос ја дозна казната за „крвничкиот“ старт над Меси – во Барселона полудеа!

Рамос ја дозна казната за „крвничкиот“ старт над Меси – во Барселона полудеа!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, доби само еден натпревар суспензија поради црвениот картон кој го заработи на дербито против Барселона.

Реал, во неделата, загуби од Барселона 2:3, а Рамос доби директен црвен картон поради бруталниот старт врз Лионел Меси во 77.минута.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во образложението на Дисциплинската комисија на шпанската Примера стои дека дефанзивецот на Реал „употребил преголема сила“ и „го удрил противникот“.

Меѓутоа во извештајот од натпреварот не било наведено дека Рамос иронично ракоплескаше додека го напушташе теренот. За тој гест, Рамос рече дека бил упатен кон Џерард Пике, со кого ја продолжи вербалната војна.

Дисциплинците од Примера во случајот на Рамос делува дека применија двојни стандарди, бидејќи напаѓачот на Барселона Нејмар, поради слична реакција по црвениот картон доби три натпревари суспензија, а да при тоа не доби директен црвен, туку беше исклучен поради два жолти картони.

Поради суспензијата Нејмар не играше во дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…