Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос реши да одговори на најактуелните прашања кој според него „лебдат во воздух“ веќе неколку дена.
Дефанзивецот на „кралевите“ ги искористи социјалните мрежи и самиот себе си направи интервју, одговарајќи на сите актуелни прашања.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ние фудбалерите најмногу сакаме за зборуваме на теренот, но оваа сезона работите не се одвиваа како што сакаме. Ние играчите сме најголеми виновници и јас како капитен сум најголем виновник. Затоа сакам на искрен начин да одговорам на неколку прашања за кои сметам дека лебдат во воздух“, напиша Рамос.
-Дали жолтиот картон во Амстердам беше грешка?
Тоа беше моја голема грешка, ја преземам вината 200%.
-Зошто снимаше документарен филм?
Имаше предвреме договорени ангажмани, а во мојата глава никогаш не ни помислував дека реваншот ќе се одвива на тој начин. Како што течеше мечот, снимањата беа се поретки.
-Дали си имал расправа со претседателот во соблекувалната?
Работите кои се случуваат во соблекувалната остануваат таму. Немам никаков проблем со претседателот, а интересота на сите е еден ист – Реал Мадрид.
-Дали ги критикуваше своите соиграчи?
Секогаш зборуваме и се мотивираме во соблекуваната и тоа секогаш е конструктивна расправа.
-Дали си имал конфликт со Марсело?
На секој тренинг има мали конфликти. Тоа е дел од работата и притисокот со кој се соочуваме. Тоа е само една случка како и многу други кои се случуваат секој ден. Марсело е како мој брат.
-Зошто патуваше во Ваљадолид?
Бидејќи сметав дека треба да бидам блиску до соиграчите и да им дадам поддршка.
-Што се случува со тренерот?
Тоа е решение кое не зависи од мене, ние играчите не се мешаме. Имам голем респект кон позицијата и секогаш го поддржувам тренерот на Реал Мадрид.