Шпанија со голот на Родриго Морено во 92-та минута се спаси од пораз во Шведска одигрувајќи 1:1.
Со овој бод Шпанците се пласираа на Европското првенство. Натпреварот против Шведска поради повреда го пропушти Серхио Рамос. И покрај тоа што не настапи, Рамос патуваше со составот на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После очекуваниот пласман на ЕП ѕвездата на Рела објави емотивна посвета на Инстаграм.
„Ова е за тебе Луис Енрике“, стои на сторито на Рамос.
Инаку, поранешниот шпански селектор Луис Енрике објави дека неговата 9 годишна ќерка Хана ја изгубила тешката битка со ракот на 29-ти август.
Енрике прво ја напушти репрезентацијата на Шпанија пред натпреварот со Малта, а после одредено време објави дека повеќе нема да може да ја води „Фуријата“ поради семејни причини.