Дома Фудбал Рамос повторно стрелец, Реал ја допре титулата (видео)

Рамос повторно стрелец, Реал ја допре титулата (видео)

Реал Мадрид успеа да освои три бода на тешкото гостување кај Атлетик Билбао (0:1) и сега е чекор поблиску до титилата во Примера.

Херој за „кралевите“ повторно беше Серхио Рамос, кој го постигна победничкиот гол од пенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал подобро го отвори натпреварот и создаде неколку шанси во првото полувреме, најзрелата ја имаше Бензема кој со глава од пет метри биеше над голот.

На другата страна Инаку Вилијамс имаше неколку доби шанси, но Куртоа не дозволи да биде совладан.

Клучниот момент на мечот се случи во 83-та минута кога судијата со помош на ВАР досуди пенал поради стартот над Марсело.

Сигурен реализатор беше Серхио Рамос со својот 10-ти гол сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…