Дисциплинската комисија при Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Серхио Рамос поради „намерниот“ жолт картон добиен против Ајакс во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Шпанскиот дефанзивец во 89-та минута од мечот против Ајакс при водство на неговиот тим од 2:1, го фаулира Каспер Далберт за да добие жолт картон поради кој ќе мора да го пропушти реваншот во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш беше покрената дисциплинска постапка против Рамос бидејќи имаше сомнение дека капитенот на Реал намерно го направил жолтиот картон за да се „исчисти“ пред четвртфиналето.
Рамос просле мечот изјави дека „би лажел ако каже дека не го направил фаулот со намера (да добие жолт картон)“
УЕФА денес донесе одлука да го казни Рамос со два меча суспензија во Лигата на шампиони. Па сега капитенот на Реал наместо само реваншот ќе го пропушти и првиот меч во евентуалното четвртфинале.
Се очекува Реал да достави жалба на ваквата одлука, особено поради фактот што Рамос изјави дека погрешно бил разбран и не го направил намерно фаул за жолт картон.
BREAKING: UEFA issue Real Madrid captain Sergio Ramos with two-match ban for deliberate yellow card in Champions League win over Ajax. #SSNhttps://t.co/Eb1dSt74a8 pic.twitter.com/MAAFkr8NJ1
— Sky Sports News (@SkySportsNews) February 28, 2019