Дома Фудбал Рамос: Ако сакав индивидуални награди ќе играв тенис

Рамос: Ако сакав индивидуални награди ќе играв тенис

Серхио Рамос во понеделникот беше во Милано на церемонијата за доделување на награди за најдобрите во светот.

Рамос беше избран во идеалниот тим на ФИФА, додека за најдобар играч беше прогласен Лионел Меси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Повеќе би сакал да не доаѓам тука и да освојувам титули со Реал Мадрид. Ако сакав да освојувам индивудални награди ќе играв тенис. Најважно ми е тимот да победува“, порача капитенот на „кралевите“.

Голема полемика во фудбалскиот свет предизвика изборот на Марсело во идеалниот тим, многумина сметаат дека Бразилецот не заслужи да биде таму. Сепак, Рамос тврди дека неговиот соиграч е еден од најдобрите во светот.

„Јас знам дека тој е еден од најдобрите во светот. Сепак, секој е слободен да размислува и да зборува што сака. Што и да правите не можете од сите да бидете прифатени“, порача Рамос.

Инаку, Реал Мадрид во овј момент и покрај послабиот старт е лидер на табелата во Ла Лига заедно со Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…