Дома Македонски спорт Ракометарките поблиску до ЕП, Македонија ја совлада Литванија

Ракометарките поблиску до ЕП, Македонија ја совлада Литванија

Македонските ракометарки славеа на гостувањето кај Литванија со 31-28 за втора победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Ракометарките ја најавија победата уште во првото полувреме, кое им припадна со 17-15, иако предноста можеше да биде и повисока ако немаа неколку грешки во завршницата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Вториот дел почна со израмнување на Литванките и се водеше голема битка, но на крајот дојде до израз квалитетот на нашите ракометарки за многу важна победа.

Македонските ракометарки триумфираа и во првото коло против Азербејџан, па во следното коло ќе играат против Шпанија во февруари.

Сега Македонија е на чекор до пласман на ЕП, бидејќи второто место треба да го осигураме со победа со Литванија дома и Азербејџан на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …