Репрезентацијата на Македонија вчера забележа уште една победа и така ги затвори најуспешните квалификации во својата историја.
Македонија квалификациите ги заврши со пет победи во шест натпревари и во групата освоивме исто бодови со светскиот шампион Данска. Таквиот успех Ракометната федерација на Македонија знаеше да го награди.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
За новиот успех и пласманот на континенталниот собир ракометарите ќе поделат вкупно 50.000 евра. 20.000 евра ракометарите веќе добија за големата победа над Данска во Скопје, а останатите 30 ќе ги добијат за освоеното второ место во групата.
Ждрепката за ЕП Македонија ќе ја чека од третиот шешир.