Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ракитиќ прогнозира: Бразил зависи од Нејмар, Швајцарија има шанси

Ракитиќ прогнозира: Бразил зависи од Нејмар, Швајцарија има шанси

rakitic

Бразилецот Нејмар после опоравувањето од повредата првиот натпревар го одигра против Хрватска кога во игра влезе како замена во 69 минута и до крајот успеа да постигне гол за својата репрезентација.

Нејмар после натпреварот изјави дека се уште не се чуствува целосно спремен и дека во овој овој момент е на 80%.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иван Ракитиќ, хрватскиот фудбалер роден во Швајцарија зборуваше за медиумите за својот поранешен соиграч од Барселона, Нејмар која на Мундијалот ќе игра во група со Костарика, Србија и токму Швајцарија.

„Нејмар е многу добар. Голот кој го постигна против нас беше одличен, така како што тоа го прават ѕвездте. Неј е неверојатен, светска класа, а таквите играчи се ретки. Можеби тоа звучи чудно, но мислам дека таквите фудбалери полесно се опоравуваат од повредите“, изјави Ракитиќ за швајцарските медиуми.

Потоа Ракитиќ продолжи за шансите на Швајцарија и важноста на Нејмар во репрезентацијата на Бразил.

„Мене ми е јасно дека Бразил многу зависи од Нејмар, иако имаат повеќе играчи кои играат во најсилните клубови во Европа. Сепак, Нејмар е тој кој ја прави разликата. Убеден сум дека Швајцарија има шанси, им посакувам многу среќа, како и на мојот пријател Нејмар. Меѓутоа ќе навивам за Швајцарија“, истакна Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…