Вчера и официјално беше потврден трансферот на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, иако младиот напаѓач на маса имаше понуди од многу европски гиганти.
Најсериозен интерес за Халанд покажуваше Манчестер Јунајтед, кој наводно не сакал да ја плати големата провизија на неговиот агент Мино Раиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раиола денес се огласи и истакна дека вистината за пропаднатиот трансфер е што напаѓачот го одбил Јунајтед бидејќи преферирал преселба во Борусија Дортмунд.
„Сите зборуваа за Јунајтед, но за него беа заинтересирани 12 клубови. Имавме сериозни преговори со сите, но на крајот фудбалерот решава сам за својата иднина. Не разбирам зошто толку многу се разговара во Англија за тоа зошто Ерлинг се пресели во Борусија Дортмунд. Тој е млад и има време во својата кариера да се пресели во Премиерлигата“, вели Раиола.
„Дозволивме тој да разговара со претставниците на Јунајтед, особено поради фактот што добро го познава Оле Гунар Солскјер. На крајот, тој одлучи дека трансфер во Јунајтед не е правилен чекор за него во овој момент од кариерата. Понудата од Јунајтед беше добра, не се работи за економски причини. Халанд смета дека Борусија е најдобра за него во оваа фаза од кариерата“, додаде Раиола.