Манчестер Јунајтед за Погба на Јувентус му плати 105 милиони и Французинот во тој момент беше најскап фудбалер во светот.
Погба ја игра втората сезона, но неговата форма е под сите очекувања и веќе на лето се шпекулира дека би можел да го напушти Манчестер Јунајтед. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот во редовите на „ѓаволите“ пристигна во 2016 година, а Мино Раиола смета дека Јунајтед поминал дури и евтино.
„Во време кога телевизиските права растат фудбалерите заслужуваат да бидат повеќе платени. Јас за моите клиенти никогаш не барам повеќе од она што тие навистина го заслужуваат. Манчестер Јунајтед за Пол Погба во 2016 година плати 100 милиони евра, но според мене тоа беше малку, во тој момент Погба вредеше и 200 милиони евра, го доведоа навистина евтино“.
„Јунајтед имаше голема предност поради клазулата во договорот кој тој ја имаше со Јувентус – Погба одлучуваше каде ќе игра, а не Јувентус. Реал беше спремен да понуди 200 милиони, но тој сакаше само во Јунајтед кој на овој начин успеа да спаси 100 милиони евра“, откри Мино Раиола.