Лоша вест за Французинот е што за се ќе се прашува само Мурињо.
Жозе Мурињо му даде рок на Пол Погба до крајот на сезоната да го убеди дека заслужува да остане во клубот. Наводно на Французинот му било порачано помалку да се занимава со друштвените мрежи и активностите кои не се поврзани со фудбалот, во спротивно би можел да биде искористен како „кусур“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Секако, ова и понатаму е малку веројатно сценарио, но англиските медиуми тврдат дека Мурињо има одврзани раце.
„Специјалниот“ за летниот преоден рок на располагање се очекува да има околу 250 милиони евра, плус она што клубот ќе го заработи од продажбата на играчи, Поради тоа можно е неговиот збор повеќе да се почитува и кога е Погба во прашање, а наводно клубот би можел да го напушти уште еден Французин, Марсијал.
Мурињо пред се сака да доведе централен дефанзивец,го сака Варан, но тој не е реална мета, дури и ако го понуди Погба како дел од договорот. Зидан го сака Французинот, но попрво би се одлучил да го побара, Де Геа, ако веќе е спремен да се откаже од младиот дефанзивец.
Како мети на „ѓаволите“ тука се Крос и Верати во средината, Умтити од Барса, Сандро од Јувентус и Хименез од Атлетико би можеле да бидат решенија за одбраната..
Ова се тешки мети, а според англиските медиуми доколку Погба не ја подобри формата Мурињо ќе се обиде да го искористи како „кусур“ за да стигне до некој од нив.