Италијанските медиуми пренесуваат дека во текот на оваа недела Мино Раиола ќе се сретне со управата на Јувентус.
Наводно, тема на состанокот ќе биде фудбалерот на ПСЖ, Матуди. „Бјанконерите“ се обидуваа да го доведат Матуди и минатото лето, но францускиот клуб во последен момент ги прекина преговорите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Јувентус не би требало да се откаже од 30 годишниот фудбалер, а италијанските медиуми пренесуваат дека состанокот помеѓу двете страни е веќе договорен.
Освен за трансферот на Матуди, Раиола и Јувентус би требало да разговараат за нов договор на талентираниот напаѓач Моис Кин, на кого Раиола му е менаџер.
Договорот на Матуди со ПСЖ истекува наредното лето, а се претпоставува дека Јувентус за услугите на овој фудбалер би можел да понуди 20 милиони евра.