Дома Топ вести Раиола го нервира Милан – го понудил Донарума на Интер!

Раиола го нервира Милан – го понудил Донарума на Интер!

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека контроверзниот менаџер Мино Раиола му го понудил Џиџи Донарума на раководството на Интер.

Иднината на Донарума е главна тема на Апенините веќе подолго време, со оглед на фактот дека сеуште го нема продолжено договорот со Милан.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


18-годишниот Џиџо покажа дека е еден од најголемите таленти во светот и многу европски гиганти сакаат да го донесат во своите редови.

Новото раководство на „росонерите“ започна преговори за продолжување на договорот, но Раиола побара време и сака да извлече што е можно поголема сума.

Денес медиумите објавија шокантна информација и тврдат дека Раиола му го понудил Донарума на градскиот ривал Интер и дека е спремен да започне преговори со „нероаѕурите“.

Милан сигурно нема да се согласи на такво сценарио, а медиумите тврдат дека тоа е само тактика на Раиола да извлече што е можно побогат договор со младиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал почнал преговори со Лапорт

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и сигурно ќе доведе еден д…