Дома Фудбал Германија Раиола: Борусија не сака да го продаде Халанд, но јас не се согласувам

Раиола: Борусија не сака да го продаде Халанд, но јас не се согласувам

Агентот Мино Раиола откри дека бил во Германија за да разговара со Борусија Дортмунд за иднината на Ерлинг Халанд.

Раиола потврди дека директорите на Борусија Дортмунд му соопштиле дека немаат намера да го продаваат Халанд ова лето. Тој тврди дека ја почитува нивната одлука, но не се согласува со неа.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Раиола и таткото на Халанд веќе имаа средба со неколку европски клубови, па Халанд сигурно ќе има многу богати понуди на маса.

„Морам да потврдам дека бев во Дортмунд на разговор. Михаел Џорк јасно потвди дека Борусија не сака да го продаде Халанд ова лето. Јас го респектирам нивното мислење, но не се согласувам со него“, изјави Раиола.

„Нема апсолутно никаква војна помеѓу мене и клубот, имаме одлични односи. Тие јасно ги кажаа своите намери, ние ќе ги почитуваме. Ќе видиме што ќе се случи“, додаде контроверзниот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…