Мино Раиола ја објасни причината поради која неговиот клиент Матијас де Лихт ова лето не премина во Барселона, иако силно се поврзуваше со Каталонците.
Де Лихт на крајот ја избра понудата на Јувентус, а Раиола открива дека Барселона не се однесувала коректно во текот на преговорите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Барселона си помислија дека после трансферот на Де Јонг, сигурно ќе го купат и Де Лихт. Тие се однесуваа со него како да купуваат сирење. Причините поради кои го сакаа играчот не беа јасни. Дали навистина си мислеа дека играч како Пике ќе му го отстапи местото?“.
„Во Холандија гледаат на Барселона како на холандски тим, па на сите им беше логично дека Матијас ќе ја избере Барса. Меѓутоа, тој не се води според парите, а во Јувентус ќе може многу да напредува, Серија А е универзитет за дефанзивци“, истакна Раиола.
Raiola attacks Barcelona: 'They treated De Ligt like cheese' https://t.co/JM90ubNM29 pic.twitter.com/AyTLYXXyr1
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) January 2, 2020